Вучиќ: Ни се заканува нова светска војна, полоша од претходната

„Има голема хистерија против Европската Унија. Убаво е тоа кога со пиво гледаме телевизија, можеме да пцуеме. Супер е тоа. Но не заборавајте дека имаме пари пред сè благодарение на ЕУ“, кажа денес претседателот на Србија Александар Вучиќ.

EPA-EFE

„Шеснаесет премиери директно или индиректно зборуваа за потребата за усогласување со надворешната политика на ЕУ. Не е лесно да се слуша. Но тоа не значи дека можеме да одиме во друга крајност, дека имаме друг пат или алтернатива за ЕУ. Мора да постои рационален, прагматичен пристап, во интерес на граѓаните“, порача Вучиќ.

„Во странски компании во Србија директно работат 300.000 наши луѓе, а индиректно 500.000 луѓе, а две третини од тие компании во Србија се од ЕУ. Не можат тие да разберат колку ни се Русите и Кинезите значајни. Ние мораме нив да ги почитуваме, да бидеме фер кон сите. Мораме да направиме многу нешта до декември“, кажа српскиот претседател.

„Не кажав во Брисел дека од почетокот на војната имало 2.629 написи за Србија во врска со воведувањето на санкциите на Русија, туку во врска со можна војна на Западниот Балкан. Верувајте ми, ако нема примирје по Донбас, ќе имаме полоша светска војна од претходната. Мал човек од Балканот го кажува тоа. Се надевам дека ќе почнат со мировни преговори, инаку отидовме сите“, истакна Вучиќ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе