Вучиќ: Ни Ѓукановиќ ни кој било друг нема да успее да ја покори Србија

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека настаните во Црна Гора се продолжување на идеологиите според кои треба да згасне Српската православна црква (СПЦ) во таа земја.

EPA-EFE

„Нивниот политички план во Црна Гора беше Митрополијата црногорско-приморска да ја одвојат од СПЦ, да ја прогласат на почетокот за православна црква во Црна Гора и со тоа со време да се асимилираат Србите, да исчезнат и да постои јасно двотретинско или тричетвртинско мнозинство на црногорски православен народ“, кажа Вучиќ.

Тој изјави дека Србите во Црна Гора „само бараат право на слобода на вероисповед, јазик и писмо, како што во Република Српска бараат почитување на Дејтонскиот договор, а не отцепување“.

Коментирајќи ги тврдењата на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ за големосрпски аспирации кон таа земја, Вучиќ кажа дека Србија нема никакви аспирации кон Црна Гора со која сака најблиски и најдобри можни односи.

„Немаме и никогаш не сме имале намера некого да покоруваме. И да му одговорам на господинот Ѓукановиќ – ни ти, ни кој било друг нема да успеете да ја покорите Србија и нема повеќе да ја покорувате како што правевте во претходните 30 години“, кажа Вучиќ.

Додаде дека од Црна Гора се владеело со Србија „на сите можни начини, преку криминал, преку полициски функционери, политички функционери, луѓе во разузнавачките структури“, но дека тие луѓе „кои работеле против Србија се главно исчистени“.

„Јас сега ви кажувам, ние никогаш нема да управуваме со Црна Гора, сакаме братски и пријателски односи, но ви гарантирам, додека сум жив, нема да ви дадам да ја покорите Србија онака како што ја покорувавте... Вие знаете што значи тоа и што треба да преземете“, кажа српскиот претседател.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе

Платформата е формирана на 9 мај 2018 година во рамките на проектот на УСАИД, во која се вклучени 4 комори за да се зајакне јавно-приватниот дијалог во процесот на подготовка на донесување закони и други прописи поврзани со работењето на бизнисот.

повеќе