Вучиќ: Нема да нè примат во ЕУ

Претседателот на Србија Александар Вучиќ истакна синоќа дека сака сите на Западниот Балкан да зборуваат со еден глас и заедно да влезат во Европската Унија.

EPA-EFE

Но, како што истакна, тој смета дека тоа во овој момент не е реално.

„Нема да нè примат во ЕУ бидејќи тие немаат капацитет да примат кого било“, кажа Вучиќ во интервју за Фејс ТВ, на прашањето зошто западнобалканската шестка со своите проблеми кои ги има не би можела за мир во Европа во неа да влезе заедно.

Вучиќ кажа дека тој секогаш се залага за тоа и дека нема проблем со тоа, и дека бара да се настапува со еден глас.

На забелешката на водителот дека не мисли на мини-Шенген и дека ќе има „бељи“ ако не влеземе во ЕУ, Вучиќ истакна дека ќе има бељи ако не ги решаваме своите проблеми самите.

Тој порача дека Србија ништо не ѝ должи на Босна и Херцеговина, а ако ѝ должи, да ѝ ја испрати сметката.

„Испратете ја таа сметка за да ја платиме утре, да не измислуваме“, кажа Вучиќ, но укажа дека ЕУ нема да ги прими сега ни Србија ни БиХ. Се наоѓаме сите на европскиот пат, но додека се приближуваме, треба заеднички да работиме на тоа да живееме подобро, и да одиме со еден глас, кажа српскиот претседател.

На прашањето на новинарот зошто и ние не поставиме ултиматум, Вучиќ праша: „Со што ние ним да им се заканиме?“

На прашањето што би направил да е премиер на БиХ, кажа дека би зборувал и размислувал за економијата, сериозно би работел на инфраструктурата. Оцени дека БиХ има сериозен економски потенцијал и сериозни шанси, но дека е потребно многу труд и работа и дека треба повеќе да се бави со економските, а не политичките прашања.

„Немојте да кукате, почнете да работите. Ако работите, ќе живеете подобро“, порача српскиот претседател.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе