Вучиќ: Не верувам дека ЕУ сега сериозно размислува за проширување

Српскиот претседател Александар Вучиќ за време на состанокот на Процесот Брдо-Бриони кажа дека не верува дека Европската Унија во моментов сериозно размислува за проширување и потврди дека прашањето на промена на границите било главното прашање околу кое лидерите на регионот не можеле да се согласат.

EPA-EFE

Претседателите на Словенија и Хрватска Борут Пахор и Зоран Милановиќ претседаваа со десеттата годишнина од Брдо-Бриони на Брдо кај Крањ.

На состанокот учествуваа српскиот претседател Александар Вучиќ, косовската претседателка Вјоса Османи, црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ, македонскиот претседател Стево Пендаровски, албанскиот претседател Иљир Мета и членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина Жељко Комшиќ, Милорад Додик и Шефик Џаферовиќ.

Вучиќ кажа дека на состанокот се разговарало за идејата „во пакет“ да се влезе во ЕУ и кажа дека Црна Гора инсистирала прво да влезат оние земји кои се најблиску до членство, но тој не сакал да инсистира на тоа.

„Јас прво не верува дека во овој момент во ЕУ сериозно се размислува за тоа. Оставете нè сите нас колку сме несовршени, колку проблеми имаме, што сè не сме исполниле. И да сме исполниле и да постигневме компромис меѓу Белград и Приштина, што очигледно не е реално, пак немаше да бидеме дел од Европската Унија“, кажа српскиот претседател.

Вучиќ предупреди дека тоа е прашање за кое не зборува и само топката се префрла на некој друг: „Реалната ситуација е таква што постои замор од проширувањето, реалната ситуација е и дека во нашиот регион не е мал заморот од зборувањето за сето тоа“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе