„За нас се најважни мирот и стабилноста“

Вучиќ: Не сум го видел „нон-пејперот“, јас сум за постојните граници

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера изјави дека го нема видено документот „нон-пејпер“, кој наводно бил доставен до Брисел и предвидува припојување на Република Српска кон Србија и на Косово кон Албанија.

Фото: ЕПА

„Не можам да се согласам со обединување на Косово и Албанија, мора да го почитувам територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина“, рече Вучиќ за Б92.

Тој рече дека се залага за „постојните граници на Србија со Косово и Метохија и на Босна и Херцеговина со Република Српска“.

„За нас најважни се мирот и целосната стабилност“, рече Вучиќ, додавајќи дека во тоа спаѓа и продолжување на преговорите со Приштина.

Словенечкиот премиер Јанез Јанша ги демантираше претходните наводи на медиуми дека тој доставил „нон-пејпер“ до претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, документ што предвидува прецртување на границите на Балканот.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе