Вучиќ: Не сме заинтересирани за создавање Голема Србија

„Не сме заинтересирани за создавање Голема Србија, за нас голема Србија значи подобра економија, повеќе фабрики, подобри плати и подобра инфраструктура“, рече српскиот претседател Александар Вучиќ, пренесе Н1.

Фото: ЕПА

Сепак, тој истакна дека кога ќе го каже тоа, слуша дека луѓето му порачуваат дека не му веруваат.

„Добро, јасно ми е дека е потребно да помине време да докажеме дека сме искрени“, рече Вучиќ, зборувајќи во серија разговори за организацијата Атлантски совет, нагласувајќи дека тој веќе одговорал на прашањето дали ќе има војна.

„На луѓето им е доста од војна, затоа го напуштаа овој регион во изминатите 25 години, а сега гледаме дека полека се враќаат. Нам ни е потребно младите, талентирани и паметни да се вратат, а не нови војни и нестабилност“, Рече Вучиќ.

Тој оцени дека само „глупавите“ мислат дека (воена реторика) ќе им донесе победа на изборите.

„Нема да го дозволиме тоа. Дури и ако некој сака да војува, нема да војува со нас. Тоа можеме да го гарантираме“, истакна тој.

Прашањето за можни нови војни и поделби во регионот е поттикнато последниве денови со објавувањето на наводнио нон-пејпер за поделба на БиХ, чие авторство се припишува на словенечкиот премиер Јанез Јанша, кој жестоко го отфрли. Вучиќ во текот на денот престојуваше во Бања Лука, каде исто така рече дека одбива да размислува за нови војни на Балканот. Тој претходно рече дека не го видел наведениот нон-пејпер.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе