За конфликтот Ерменија-Азербејџан

Вучиќ: Не се убиваат со српско оружје

Претседателот на Србија Александар Вучиќ ги искоментира тврдењата на регионалните медиуми дека во конфликтот околу спорниот регион Нагорно Карабах „се убиваат“ со српско оружје.

EPA-EFE

„Се наслушав разни глупости, како дека се убиваат со српско оружје. Нема таму српско оружје“, кажа Вучиќ.

Тој одговарајќи на новинарски прашања кажа дека Србија некога извезувала муниција во тој дел од светот, но дека не станува збор за оружјето кое сега се користи во конфликтот кој внимателно го следи целиот свет.

„Продававме само муниција, нешто повеќе на Азербејџан“, им кажа Вучиќ на новинарите, додавајќи дека тоа било правено кога го дозволувале меѓународните прописи.

„Тенкови, авиони, дронови... ништо од тоа не е наше“, кажа српскиот претседател и праша дали тоа значи дека, ако некој ја нападне Србија, а таа се брани, би биле виновни Русите, Американците или Французите од кои тие го купуваат оружјето.

„Ние им посакуваме мир, тоа се два наши братски народи“, кажа Вучиќ и истакна дека „нема алтернатива за мирот“ и дека тоа не е само флоскула. „Се надеваме дека ќе имаат сила да го прекинат конфликтот“.

Дел од регионалните медиуми објавија вест дека ерменската војска користи ракети од српско производство.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе