„Ние имаме поинаков став“

Вучиќ: Не прифаќам изедначување на царините и лобирањето за повлекување на признавањата на Косово

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денес, по средбата со специјалниот претставник на претседателот на САД за дијалогот меѓу Белград и Приштина Ричард Гренел, изјави дека тој не прифаќа поставување еднаквост меѓу одлуката на Приштина да воведе царини на стоката од Србија и БиХ и лобирањето на Белград кај некои земји да го повлечат признавањето на независноста на Косово.

„Ние имаме поинаков став за признавањето на Косово од Америка и Приштина. Тие сакаат таа независност да се признае, ние не сакаме. Што се однесува до царините, тие се воведени без каква било причина. И не може да биде „танте за кукурику“, мора да биде „танте за танте““, кажа Вучиќ по разговорот со Гренел во кој тој го изнесе ставот дека треба Приштина да ги укине царините а Белград да престане да лобира за повлекување на признавањата.

Вучиќ кажа дека Белград е спремен за компромисно решение, дека е спремен да му помогне на српскиот народ на Косово и дека сака да разговара за сѐ, но дека Србија не е виновна за воведувањето на царините и дека не може да прифати никаква вина.

„Нашата работа е да се спротивставуваме на тоа (на напорите на Приштина да се зачленува во меѓународните организации). Но не сме виновни за воведувањето на царините. Ни ние не ѝ ги воведовме на Приштина кога во 2008 прогласи независност“, кажа тој.

Вучиќ додаде дека во процесот на дијалогот на Белград и Приштина нема лесни разговори но дека му се заблагодарил на Гренел за тоа што на прашањето му пристапил рационално и што ја разбрал потребата на Србија и нејзиниот народ да бидат почитувани, а не понижувани како многу пати претходно.

Минхенската безбедносна конференција, која со децении служеше како силен симбол на силата на западното сојузништво, оваа година покажа дека јазот меѓу сојузниците е поголем од кога и да е.

повеќе

Време е да се почне да се размислува што може да значи тоа.

повеќе

Која е логиката на Заев и СДСМ со вчерашниот протест што од сега се гледа дека ќе им биде и наративот за целата кампања?!

повеќе