Вучиќ: Не им се плашам, ќе ги победам на сите избори поубедливо од кога било

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека Србија им смета на многумина во регионот и во целиот свет и дека многумина сакаат да ја урнат однатре и однадвор, како и дека ќе има многу проблеми околу Косово и Метохија.

„Ќе биде многу тешко околу Косово и Метохија, ќе има многу проблеми. Но ќе работиме заедно. Ќе чекаме да ги укинат царините, ако не ги укинат тогаш ништо, ќе му помагаме на народот. Ако ги укинат ќе се обидеме да направиме компромис, но никогаш на никого нема да му дозволиме да ја понижува Србија“, кажа Вучиќ на предизборен митинг во Панчево на кој му довикуваа „Ацо, Србине“.

Вучиќ ѝ порача на опозицијата во Србија дека не им се плаши и дека неговата листа за иднина на Србија ќе победи поубедливо од сите избори досега.

„Ќе се бориме за тоа луѓето во Србија да бидат побогати, а не оние кои седат во фотелјите на власт. Таква Србија сакаме и затоа сакаме да победуваме“, кажа Вучиќ и додаде дека со граѓаните ќе се бори против „оние однадвор“ за кои Србија никогаш не е доволно мала и против „оние однатре“ кои повторно сакаат да ја ограбуваат земјата.

Вучиќ најави закон за потеклото на имотот, наведувајќи дека тој прв се пријавува да биде истражен неговиот имот, а но дека потоа ќе биде истражен и имотот на опозициските лидери.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе