Претседателот на Србија од Њујорк

Вучиќ: Не е голема новост дека САД бараат меѓусебно признавање на Белград и Приштина

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави денес во Њујорк дека за Србија е лошо тоа што САД бараат меѓусебно признавање на Белград и Приштина, но дека тоа не претставува суштински голема новост.

По вчерашниот разговор со државниот секретар на САД Мајк Помпео и денешните средби со помошникот на Помпео Метју Палмер и извршниот потпретседател на Атлантскиот совет Дејмон Вилсон, Вучиќ кажа дека за Србија е добро тоа што САД го поддржуваат нејзиниот европски пат и дека „не навлегуваат во тоа како треба да изгледа договорот“ на Белград и Приштина, а дека е лошо тоа што „бараат меѓусебно признавање“ на Србија и Косово.

„Тоа е ново, но суштински не е голема новост. Тоа не е целосно нов став на САД, тие во 2008 ја признаа независноста на Косово. Ние таа одлука нема да ја смениме, а се трудевме да уживаме во сопствените митови“, кажа српскиот претседател.

Тој наведе дека на состаноците со американските функционери ги изнел ставовите на Србија и дека повторил дека „не доаѓа предвид можноста Србите да не добијат ништо, а Албанците да добијат сѐ“.

„Многу им благодарам на Помпео и Палмер и Вилсон. За мене беше важно да можам да ги изнесам ставовите на Србија. И за педа ако го смениме ставот на САД кон Србија, ние сме направиле мало чудо. А не сум наивен дека САД ќе се откажат од признавањето на независноста на Косово, ниту пак ќе давам лажни ветувања“, кажа Вучиќ.

Тој повтори дека ситуацијата не е лесна за Србија, туку „многу тешка“ и додаде дека српските власти „ќе продолжат да ја штитат својата земја и српскиот народ на Косово“.

Социјалниот маркетинг веднаш би можел ефективно да придонесе во напорите против нееколошкото однесување во нашата земја.

повеќе

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе