Вучиќ: Не доаѓам во Загреб. Хрватите ме напаѓаат и ќе продолжат да ме напаѓаат

Претседателот на Србија и лидерот на Српската напредна партија (СНС) Александар Вучиќ одлучи да не учествува на Конгресот на Европската народна партија (ЕПП) во Загреб на 20 и 21 ноември, и за таа одлука писмено го извести претседателот на ЕПП Џозеф Даул, објави денес порталот на весникот Блиц.

Во писмото, Вучиќ му се заблагодари на водачот на ЕПП за поканата да се обрати на Конгресот во Загреб, на кој беше повикан како претседател на СНС, наведувајќи ја хајката која против него се води во хрватските медиуми.

Лидерот на СНС рече дека подготвил „сериозна анализа на настаните во регионот, како и она што сите би требало да го направиме заедно во наредниот период“, оценувајќи дека во последните неколку недели се случува „вистинска медиумска хајка“ во скоро сите хрватски медиуми против неговото доаѓање.

„Би сакал да додадам дека никакви вистински причини за таков вид на хајка, ниту имало, ниту ги има, освен тоа што во некои кругови во хрватското општество не можат да се навикнат на посилната улога на Србија и на фактот дека Србија економски расте и политички не е веќе на колена“, рече Вучиќ.

Вучиќ во писмото истакнува дека најважниот дел од неговата политика останува „подавање рака и отворена врата за подобри односи меѓу Србите и Хрватите, меѓу Србија и Хрватска во иднина“, но наведува дека истовремено на било каков начин не сака да влијае на „понатамошно влошување на позицијата на Србите во Република Хрватска“.

„Поради сето погоре наведено, ве известувам дека нема да присуствувам на нашиот Конгрес во Загреб, сметајќи дека така ви ја олеснувам работата, а моето отсуство, ве молам разберете го како доказ на сила и желба да ги менуваме работите на подобро, а не како доказ на слабост“, наведе Вучиќ.

Изразувајќи надеж дека односите меѓу Србија и Хрватска ќе бидат многу подобри во иднина, Вучиќ го повика Даул еден од идните важни настани за ЕПП да организира во Србија, „каде што сите се добредојдени и каде ни против било кој член на ЕПП нема да се спроведува потера и хајка“.

„Ве молам, пренесете ги моите честитки до нашата партиска колешка Урсула фон дер Лајен за изборот за шеф на Европската комисија, уверен дека во овие тешки времиња ќе ѝ покаже на цела Европа зошто нашиот ЕПП е најдобар, најсериозен и најодговорен избор“, се наведува исто така во писмото.

Како за крај Вучиќ наведе: „Нападите врз мене, дури и по одлуката на која најголемиот дел од хрватско општество се надеваше, ќе продолжат. Земете го тоа само како доказ за секој од зборовите напишани овде“.

Навивачите на Шкендија, „балистите“, уште еднаш ќе навиваат против земјата во која живеат. Овојпат нивната поддршка ќе ја има Косово, кое на 26 март во Скопје ќе излезе на исклучително важен дуел против Македонија.

повеќе

Не ми се верува дека кај нас некој си одбор дебатирал и одлучувал за ова ребрендирање. Повеќе ми личи на пост-празнична летаргија.

повеќе

Потребна е промена на Законот за влада и на Изборниот законик, со која ќе се воведе правилото избор на автентична техничка влада која би владеела за време на изборниот процес, од распуштањето на парламентот до формирањето нова влада односно за време на изборната кампања.

повеќе