„Пред сѐ мора да се постигне компромис“

Вучиќ навести дека не ја исклучува можноста за признавање на Косово

Претседателот на Србија Александар Вучиќ навести денес дека не ја исклучува можноста за евентуално признавање на независноста на Косово, но наведе дека Белград би морал да добие нешто за возврат.

„Пред сѐ мора да постигнеме компромис. Не можеме да го признаеме Косово, а ништо да не добиеме од другата страна“, кажа Вучиќ во интервју за италијанската агенција АНСА пред посетата на италијанскиот премиер Џузепе Конти на Србија во среда.

Тој кажа дека прашањето за промена на границите е контроверзна тема, бидејќи не ги признаваат сите истите граници, во зависност од тоа дали ја признале независноста на Косово или не.

„За разлика од косовските лидери кои секој ден ги лажат своите граѓани со нереални ветувања дека Приштина ќе добие сѐ, а Белград ништо, мојата должност е на Србите да им го објаснам значењето на компромисот (со Приштина) кој не претставува пораз туку победа. Победа за иднината на Србија“, наведе Вучиќ.

Тој негираше дека некогаш имал тајни средби со претседателот на Косово Хашим Тачи, што го тврдат некои српски медиуми, и ги опиша како „чисти лаги“ тврдењата за постоење нацрт на конечен договор меѓу Белград и Приштина.

Повтори дека Белград нема да го продолжува дијалогот со Приштина сѐ додека косовските власти не ги укинат царините од 100 отсто на увозот од Србија и Босна и Херцеговина.

„Ако не се постигне компримисен договор за Косово, ќе биде катастрофа. Иако сѐ изгледа тешко и понекогаш невозможно, ние сме решени да постигнеме компромис, сигурен сум дека можеме да дојдеме до решение со помош на нашите европски пријатели и со поддршка од Русија, Америка, Кина и другите земји“, кажа српскиот претседател.

Тој укажа на внимателниот и одговорен пристап на Белград кој не одговорил на, како што кажа, „максималистичките и провокативни“ мерки на Приштина за да не се загрозат мирот и стабилноста во регионот.

Вучиќ кажа и дека ја цени посредничката улога на шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, за разлика од Приштина која е критична кон Брисел.

„Проблемите се меѓу Србите и Албанците, не можам да ја критикувам Европа која направи сѐ за да го зачува мирот“, наведе Вучиќ.

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе