„Повикав на соработка со Србија и да се определат каде сакаат да бидат, бидејќи Србија е далеку“, кажа Милановиќ.
Тој кажа дека им честита на победниците, со сите, како што кажа, деформации на демократијата.
„Јас им честитам, го кажувам тоа без цинизам. Србија мора да се определи дали е со Западот. Таа географски е запад, а што се однесува до политичката определеност, тоа мораат да го одлучат. Јас зборував дека хрватскиот напредок во последните 30 години е двострана приказна. Ние очекувавме да бидеме развиени како Шпанија, а не сме. Но сме поразвиени од Србија, меѓутоа тоа не е доволно“, кажа Милановиќ.
Хрватскиот претседател порача дека сака да има нормални соседи.
„Србија не е беда, но некои појави се. Беда е фрустрацијата кога не напредуваш со темпото со кое си способен, а тоа Србија е. Србија имаше камелеонска политика, ја сакаат Србија за која се мала фуснота. Сега Русија отиде по некој пат, а каде остана Србија? Сега мора да одлучат за што се. Тоа со Русија е фикција, илузија“, кажа тој и додаде дека Србите се посебна политичка категорија.
„Полни со талент, шарм, понекогаш со автодеструкција. Јас сакам да имам нормални соседи. Луѓе кои нема да се фалат дека купиле некакви користени авиони и да се натпреваруваат со Хрватска кој е посилен“, кажа Милановиќ.