Вучиќ најави награда за вакцинација: Оној што ќе се вакцинира ќе добие 25 евра

Србија ќе им исплати 25 евра помош на сите свои граѓани кои биле вакцинирани со најмалку една доза или ќе примат вакцина против ковид-19 до 31 мај како награда за одговорност во време на пандемија, објави во средата српската влада.

Фото: ЕПА

Во Србија во тек се пријави за државен пакет помош од 30+30 евра во мај, откако минатата година државата веќе исплати 100 евра на сите возрасни граѓани како финансиска поддршка за време на коронакриза.

Сите граѓани на Србија кои ќе примат барем и прва доза на вакцина до 31 мај, ќе имаат право на државна парична помош во износ од 3.000 динари, рокот за пријавување ќе биде 15 јуни, а право да се пријават имаат сите граѓани над 16 години, се објаснува во владиното соопштение.

Претходно денес, во програма на ТВ Пинк, оваа одлука ја најави српскиот претседател Александар Вучиќ, најавувајќи исплата на пензионерите, корисниците на социјална помош, невработените и осудениците во казнено-поправните установи.

Владата објави дека подготвува одлука за финансиска поддршка за вакцинираните граѓани „на иницијатива на претседателот“, а предлогот за тоа решение и постапката за аплицирање ќе ја изготват министерствата за финансии и здравство.

За да се оствари правото на финансиска помош, не е важно која од четирите понудени вакцини ја примиле - Синофарм, Фајзер/Бајонтек, Спутник V или Астразенека.

Владата го повтори својот повик граѓаните да се вакцинираат против ковид, а градската управа на српската престолнина објави дека ќе се отвори дополнителен пункт за вакцинација во еден трговски центар во Белград.

Во исто време, економските експерти предупредуваат дека „линеарната и неселективна помош за време на пандемија е сомнителен потег што не може да се оправда од економска гледна точка“, и дека најавената помош „еден ден сите ќе ја враќаат како долг“.

„Овие линеарни дарови тешко можат да бидат оправдани од економска гледна точка и тие ќе предизвикаат нови задолжувања на земјата“, рече денеска професорот на Економскиот факултет и поранешен гувернер на Народната банка на Србија (НБС) Дејан Шошкиќ, оценувајќи дека Србија уште минатата година тргнала кон подигнување на јавниот долг во однос на БДП и дека со овој пакет тоа се продолжува.

Шошкиќ смета дека е сигурно дека „до крајот на годината, нивото на јавниот долг според БДП ќе надмине 60 проценти“, посочувајќи дека тоа е „нивото што развиените земји го поставиле како граница“. „Земјите како Србија треба да бидат на пониско ниво на јавен долг“, предложи Шошкиќ, истакнувајќи дека „нема бесплатен ручек“. „Ако сме се задолжиле - нема спор, ќе дојде денот кога тоа ќе треба да го вратиме“, рече тој.

Српскиот претседател, сепак, ја уверува јавноста дека Србија ќе ја задржи стапката на јавен долг под 60 проценти од БДП.

„Нема земја на која со помала брзина ѝ растеше јавниот долг отколку на Србија. Ние се грижиме да ја подигнеме стапката на раст, без зголемување на јавниот долг“, рече Вучиќ за ТВ Пинк, нагласувајќи дека тоа го зборува за да покаже дека „српската економија добро оди“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе