Вучиќ на тајна локација ги посети единиците на Војската на Србија

Претседателот на Србија и врховен командант на Војската на Србија, Александар Вучиќ, на непозната локација ги посетил единиците на војската и разговарал со нив за нивните задачи.

Александар Вучиќ, во придружба на министерот за одбрана, Александар Вулин, и началникот на Генералштабот генерал-полковник Милан Мојсиловиќ, ги посетил припадниците на Војската на Србија, објави РТС.

Како што вчера најави српското Министерството за одбрана, Вучиќ во следните три дена ќе ги посетува единиците во Копнената зоната на безбедност и во јужниот дел на Србија.

Српските медиуми објавија дека во наредните неколку часа се очекува тој како врховен командант на Војската на Србија да донесе конкретни одлуки во врска со ситуацијата на Косово и формирањето „косовска војска“.

Вечерва во 20 часот се очекува вонредно обраќање на Вучиќ до српската јавност по повод ситуацијата во Косово и Метохија.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе