Вучиќ на Могерини ѝ зборуваше за Шешељ, па жестоко ја нападна Хрватска

Шефицата на евродипломатијата Федерика Могерини изјави синоќа во Белград дека го осудува секој акт кој „не ги поддржува демократските институции како парламентот“ по повод инцидентот кој го предизвика Војислав Шешељ за време на посетата на хрватската парламентарна делегација, и истакна дека во српското собрание имала слично искуство минатата година.

Шефот на српските радикали во парламентот ја навредуваше хрватската делегација, а на тоа му претходеше газење на хрватското знаме.

„Тоа се епизоди кои не ѝ користат на Србија и на тоа таа да биде гледана како солидна, демократска земја. Јас минатата година го посетив српскиот парламент и имав слично искуство, но верувам дека, како што порача и хрватскиот премиер (Андреј) Пленковиќ, важно е да се одржи дијалогот. Тоа е и суштината на проектот ЕУ и сите сме на тоа посветени“, кажа Могерини по средбата со претседателот на Србија Александар Вучиќ.

Шефот на српската држава на конференцијата со Могерини истакна дека „сите во државата многу силно го осудија однесувањето на Шешељ“, но дека „се наслушал лаги од политичките претставници од Србија и регионот“ како „некој што не го спомнува Шешељ бидејќи се плаши од него“.

„Повторувам, го осудуваме однесувањето на Шешељ, она за кое знаеме дека се случило, бидејќи постои и она кое не го знаеме, а за кое тој тврди дека се случило“, им кажа Вучиќ на новинарите.

Вучиќ потоа го спореди инцидентот со протестите во Загреб при неговата посета во февруари. Тој ја повтори својата оценка дека навреди упатени кон него за време на посетата на Хрватска биле „многу потешки“, а дека на нив „ни во Хрватска ни од ЕУ никој не изреагира“.

Тој истакна дека Србите „мора да научат едно нешто“ – да се однесуваат рационално и замоли неговата воздржаност во изјавите „да не се сфати како знак на слабост, туку како грижа за народот“.

Српскиот претседател порача дека Србија „нема друг излез“ освен да работи на својот европски пат, но „не е во идеална ситуација“ бидејќи, кога станува збор за Косово, наследила тежок товар и тоа „не само од 2008 и прогласувањето на таканаречената независност“, туку и од подалечното минато.

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе