Вучиќ на голем предизборен митинг во Белград: Никогаш нема да дозволиме протерување на Србите од Косово (ВИДЕО)

Ќе разговараме околу Косово и Метохија, кажа српскиот претседател Александар Вучиќ, истакнувајќи дека тоа Србија го сака и го мора, но дека напади или протерување на Србите од Косово нема да дозволат.

„Ги молам сите во светот, немојте да помислите дека затоа што сакаме да разговараме, што бараме дијалог, што молиме за дијалог, немојте да помислите дека некому ќе му дозволиме напади или протерување на нашиот народ од своите вековни огништа. Никогаш тоа нема да го дозволиме“, кажа Вучиќ.

За разлика од другите, кои, како што кажа, секогаш подобро и посилно се чукале во гради, тој тоа не го умее:

„Но, ви кажувам – ќе дејствувам неспоредливо порешително и Србија ќе победи дури и ако биде натерана на такви нешта“, кажа Вучиќ.

Порача и дека народот мора да разбере дека не може секогаш да има сѐ што сака и дека не може да ги натераат сите други да мислат онака како што тие мислат.

„Туку мора да гледаме и разбереме како и каде се движи светот. Да ги почитуваме и сите други во регионот и дека и покрај најдобрите односи со Унгарија, Романија, Бугарија и Грција, ќе мора да градиме и подобри односи и со Црна Гора и со Северна Македонија, и многу подобри односи со БиХ, не сметајќи го Додик, а и со Хрватска“, истакна српскиот претседател.

Без оглед на навредите од сите страни мора да се смириме, и својата сила да ја покажеме не со тоа што ќе реагираме на сѐ, да одговараме на пцовка со пцовка, туку на паметен начин да се обидеме да ги придобиеме тие луѓе на своја страна, кажа Вучиќ.

„Само ако сме сите заедно ќе можеме да бидеме посилни, да привлечеме повеќе инвеститори. Со конфликти и кавги нема да добиеме ништо и ќе вложам голема енергија за да направиме такви услови за развој на единствен економски пазар на целиот Западен Балкан, да можат камионите со стока да минуваат преку границите многу побрзо од денес“, порача Вучиќ.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе