Коментирајќи ја изјавата на косовскиот премиер Аљбин Курти дека нема да оди во Брисел само за да разговара за регистарските таблички, туку за сеопфатен договор, односно меѓусебно признавање, Вучиќ порача:
„Океј. Може да оди во Брисел кога сака, и како сака, негов проблем. Дали кажа дека што се однесува до него прашањето за статусот е завршено? И што се однесува до мене прашањето за статусот е завршено, во согласност со Повелбата на ОН и Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност“, порача српскиот претседател и иронично додаде: „Му посакува среќен пат во Брисел“.
Курти за германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг изјави дека не би одел во Брисел за да преговара за прашањето за регистарските таблички, туку за сеопфатен договор, кој, како што кажа, мора да биде постигнат пред пролетта 2023.