Вучиќ му додели орден на австрискиот канцелар: „Од денес ова е ваш втор дом“ (ФОТО+ВИДЕО)

Претседателот на Србија Александар Вучиќ се сретна денес со австрискиот канцелар Себастијан Курц, кој престојува во посета на Србија.

EPA-EFE

Претседателот на Србија на Курц му врачи Орден на Република Србија, за заслуги во унапредувањето на односите со Србија и целиот регион на Западниот Балкан.

„Драг пријателе, денес имам исклучителна чест и особено задоволство како докажан пријател да ви го врачам највисокото државно одликување, поради зацврстувањето и развивањето на соработката на Србија и Република Австрија“, кажа Вучиќ.

На јавноста ѝ се обрати и австрискиот канцелар Курц: „Многу нè радува тоа што во Австрија имаме луѓе со корени од Западниот Балкан, кои придонесуваат на нашето општество. На тебе претседателе, но и на целата влада, сакам да ви се заблагодарам на сè, бидејќи сме најголеми економски партнери. Ние сме еден од најголемите инвеститори тука во Србија, и особено нè радува економскиот развој во оваа земја, бидејќи раст од седум отсто е многу импресивен, ако ја погледнеме минатата година“, кажа Курц.

На крајот, претседателот на Србија уште еднаш му честиташе на австрискиот канцелар на одликувањето и му порача дека од денес „Србија е неговиот втор дом“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Радован Павловски (1935, Ниш, Србија) е водечко име на третатта генерација македонски писатели, која во нашата литература се појави во шеесеттите години на минатото столетие и внесе нов творечки дух со препознатлив национален белег.

повеќе

Во јавните високообразовни институции, научноистражувачката дејност е целосно маргинализирана под неопходниот минимум.

 

повеќе

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе