„Како наградата да ја добил некој од нас“

Вучиќ му честиташе на Хандке: Сега, покрај Андриќ, славиме уште еден Нобеловец

Претседателот на Србија Александар Вучиќ му го честиташе на австрискиот писател Петер Хандке врачувањето на Нобеловата награда за книжевност.

„Србија Ве смета за вистински пријател и, ќе бидам слободен да кажам, Вашата Нобелова награда ја доживуваме како да ја добил некој од нас. Сега, покрај Иво Андриќ, славиме уште еден наш Нобеловец“, се наведува во честитката на Вучиќ.

Српскиот претседател оцени дека Хандке со Нобелот бил награден за „исклучителната книжевна работа, знаењето и опусот“, но и за „неприкосновените морални карактеристики, за храброста и достоинството, со кое се борите за своите идеали на врвен интелектуалец“.

Тој додаде дека се надева дека Хандке наскоро ќе ја посети Србија.

Хандке во 1966 година, една година по завршувањето на војните во БиХ и Хрватска, го напиша памфлетот „Правда за Србија“ со кој предизвика полемика. Австрискиот писател во 1999 жестоко го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Србија, а во 2006 година присуствуваше на погребот на Слободан Милошевиќ.

77-годишниот Петер Хандке е награден за „влијателната работа која во рамки на лингвистичката креативност ја истражувала периферијата и единственоста на човечкото искуство“, напиша шведската Академија во објаснувањето на доделувањето на наградата.

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе