Движењето Двери објави фотографија од неправосилната пресуда на својата интернет страница, а претседателот на Двери Обрадовиќ пресудата ја оцени како историска.
Тој оцени дека ова е „голем и историски момент“, кога независното судство во Србија ја донело првата пресуда против Александар Вучиќ, не само како „поединец туку и симбол на актуелната власт“, наведено е во соопштението на Двери.
Повод за тужбата биле обраќањата на Вучиќ на 13 и 16 февруари 2019 година во кои тој Обрадовиќ го нарекол „лажго“ и „фашист“.
Во објаснувањето на пресудата е наведено дека судот смета дека тужениот со таквите изјави „довел до омаловажување на тужителот’ и повреда на неговите достоинство и чест „бидејќи тужениот изјавите ги дал во својство на претседател на државата и на телевизиски канал со национална фреквенција, што на изјавите им дало дополнителна тежина“.
„Ниту сме фашисти, ниту сме крадци, ни лажговци, ниту претседателот на СНС и на Србија смее така да нè нарекува во медиумите без никакви докази“, истакна Обрадовиќ.
Вучиќ мора да му плати 1.700 евра на лидер на српска екстремнодесничарска партија, го нарекол фашист
Претседателот на Србија Александар Вучиќ ќе мора да плати 1.700 евра отштета поради повреда на угледот и честа на лидерот на српското конзервативно движење Двери Бошко Обрадовиќ, кого го нарече „лажго и фашист", одлучи основниот суд во Белград.