„Можат да бидат виновни само Белград и Приштина“

Вучиќ: Могерини не е одговорна за прекинот на дијалогот, Албанците се спремни да се жртвуваат за Косово

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави денес дека високата преставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини не е одговорна за прекинот на дијалогот на Белград и Приштина, туку дека за тоа можат да бидат одговорни само Белград и Приштина.

„Нека размислат добро во Приштина кој е виновен. Нека размислат добро кој е тој што сакаше договор, а кој е тој што не сакаше никакви договори’, изјави Вучиќ за РТС.

Тој додаде дека се надева дека има поголемо разбирање во иднина и дека Приштина ќе сфати дека „со насилнички и нелегални мерки“ не може ништо да постигне.

Премиерот на Косово Рамуш Харадинај изјави вчера дека шефицата на европската дипломатија Могерини е одговорна за прекинот на дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Вучиќ изјави и дека Албанците се спремни да се жртвуваат за Косово, дека во санкциите против Србите на Косово и Метохија „влегле со срце“, а дека многумина во Србија не се спремни толку да се жртвуваат за српските интереси на таа територија.

„Ние имаме тешка политичка борба во која треба да издржиме и да се избориме за најмногу што можеме да добиеме. Што се однесува до Албанците тие имаат завршена држава и тие нема да дозволат да биде поинаку“, кажа српскиот претседател.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе