За референдумот во Македонија

Вучиќ од Москва: Невозможно е јас да го повикам народот на референдум и да излезат 30 отсто и јас да кажам „победивме“

Претседателот на Србија Александар Вучиќ од Москва го искоментира резултатот на референдумот во Македонија и истакна дека Европа мора да се постави поодговорно.

„Не е мое да се мешам во внатрешните работи на една суверена земја... Се плашам и ми се чини дека некои луѓе од светот нѐ потценуваат нас блаканските народи и мислат дека сѐ може – мислат, ќе видиме ако може со народот, ако не, тогаш нема со народот, ќе се обидеме со притисок врз пратениците, ако не може ни тоа, не е важно, мора така да биде... Би ги замолил луѓето од Европа и светот да покажат почит кон нас малите народи и да покажат дека разбираат што е тоа што се случува“, кажа Вучиќ.

Тој потоа ја „преслика“ ситуацијата на Србија.

„Замислете ме мене да го повикам народот да излезе на референдум и излезат 25, 30 отсто и јас да кажам „победивме“... Тоа за мене е невозможна ситуација. Постои демократија, постојат устави и закони за да се почитуваат и тогаш кога одлуката на народот некому не му се допаѓа. Мене не ми се допаѓа ставот на луѓето во Србија, да седиме, да молчиме и да мислиме дека некој од небо ќе ни помогне. Јас тој став го почитувам ако е тоа ставот на народот, џабе што мислам поинаку, џабе што мислам дека на поодговорен начин треба да ја решаваме нашата иднина, но јас треба да го почитувам својот народ и да ги сфатам пораките кои тој ги праќа“, додаде српскиот претседател.

Истакна и дека многу му била важна реакцијата од ЕУ.

„Што се однесува до светот, очекував повеќе разбирање за вистинските причини за малата излезност и очекував некој тоа на реален начин да го согледа. Не можете да заборавите што мисли народот, Европа мора да се постави поодговорно“, наведе Вучиќ.

Тој истакна дека Србија има јасен став за тоа, дека ќе го почитува секој договор меѓу Грција и Македонија, ни дека не може да се занемати што мисли народот и не може ништо да се наметнува однадвор.

„Луѓето се зрели, сериозни и во земјите на Балканот, некој тоа мора да го сфати“, порача српскиот претседател.

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе