Вучиќ: Кризата го покажа лицемерието на приказната за слободниот пазар

„Денес земјите се затвораат за да ги заштитат своите пазари“, кажа денес српскиот претседател Александар Вучиќ.

EPA-EFE

Вучиќ со говор ја отвори меѓународната конференција „Светот по коронавирусот“, во рамки на иницијативата Белградски стратегиски дијалог.

„Сѐ се сврте, сѐ беше лицемерие, цело време се тврдеше дека не постои поголема вредност од слободниот пазар, а кога наиде кризаа, се покажа дека суштината е во тоа како да ги сопреме другите да не бидат поуспешни од нас“, кажа Вучиќ.

Според него, тоа се гледа и на регионално ниво. Како што кажа, кога заостанувала, Србија не му сметала никому, но од оној момент кога Србија почнала да ги стигнува и престигнува сите во регионот по објективни критериуми, кога од 340 евра дошла на 510 евра просечна плата, откако има значително помал јавен долг отколку што има малата Црна Гора, кога очекува во 2020 и 2021 да ја помине Хрватска по вкупниот БДП, се гледа како слободниот проток на капиталот, луѓето и стоката не е повеќе толку важен.

„Ќе имаме само еден конкурент според растот во Европа“, истакна Вучиќ и додаде дека во последнот квартал од минатата и во првиот од оваа година Србија има псолутно најголем стопански раст во Европа.

Конференцијата преку три тематски панели ќе биде посветена на анализирањето на геополитичките, економските и здравствените аспекти на пандемијата на коронавирусот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе