Вучиќ: Крајно време е граѓаните да почнат да се однесуваат најодговорно

Епидемиолошката ситуација во Србија не е драматична, оцени српскиот претседател Александар Вучиќ, истакнувајќи дека нема голем број мртви и хоспитализирани и дека Србија „добро се држи“ во однос на епидемиолошката ситуација во опкружувањето и во Европа.

EPA-EFE

Вучиќ, откако денес српското министерство за здравство официјално објави пораст на бројот на новозаразени на 245 од вчерашните 152, им сугерираше на граѓаните дека е „крајно време“ да почнат да се „однесуваат најдоговорно“.

„Не се тоа сѐ уште драматични бројки, да не ги плашиме луѓето, но навестувавме дека доаѓа потешко време. Го видовме тоа во процентот на тестираните и процентот на заразените кој расте“, кажа Вучиќ за РТС.

Тој, коментирајќи го порастот на бројот на заразени во регионот и во Европа, ги спореди Србија и Хрватска со денешните 740 новозаразени на дневно ниво, оценувајќи дека, според бројот на тестираните и бројот на жителите, тоа би било како во Србоја да има околу 1.300 новозаразени.

Вучиќ истакна и дека се преговара за вакцините и се работи на тоа вакцина да се добие „од сите страни“.

„Се преговара со Кинезите, со Русите, со Западот за вакцини“, кажа српскиот претседател, истакнувајќи дека „расте паниката“ поради наглиот скок на бројот на заразените и дека Србија „добро се држи“ според процентите на бројот на заразени, бројот на тестирани и бројот на жители.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе