„Се надевам дека некој тоа ќе го разбере“

Вучиќ: Косово целосно зависи од Белград

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека Косово не може да стане консолидирана држава без Србија и дека позицијата на Приштина целосно зависи од Белград, додека Србија е меѓународно призната држава и членка на Обединетите нации така што не зависи од Приштина и не ѝ е ни потребно Косово да ја признае.

„Нивната позиција зависи од Белград. Се надевам дека некој ќе има доволно памет тоа да го разбере“, изјави српскиот претседател.

Коментирајќи го односот на претставниците на Косово на самитот со германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон, Вучиќ оцени дека бил видлив конфликтот меѓу косовските претседател Хашим Тачи и премиерот Рамуш Харадинај.

„Тука има и нивен конфликт, но и игра, за да добијат повеќе отстапки“, истакна Вучиќ, додавајќи дека на средбата на политичките лидери на западнито Балкан во понеделникот во Берлин „Србија ги штитела своите интереси“.

„Важно е да се однесуваме постојано и одговорно. Стекнавме повеќе углед како серизно водство“, кажа Вучиќ.

Како предуслов за продолжување на дијалогот со Косово, Вучиќ го повтори ставот и барањето на Белград за укинување на косовските царини на стоката од Србија.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе