Вучиќ: Коридорот 10 ја менува сликата на Србија (ВИДЕО)

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави, пред отворањето на целиот јужен крак на Коридорот 10 во Србија, најавен за претстојниот викенд, на својот инстаграм профил објави кратка снимка со која потсети како течеле работите на таа делница на автопатот.

„Ова ја менува сликата на Србија. Луѓето да се гордеат, да видат колку Србија напреднала, колку може да оди побрзо, поинаку и поуспешно“, кажа српскиот претседател.

На снимката се прикажани различни фази во изградбата на повеќе делници од Коридорот 10, како изгледало претходно, а како сега изгледа пред отворањето на автопатот.

Прикажано е како е совладана Грделичката клисура, како и мостот Врла во Владичин Хан, еден од најголемите градежни потфати на Коридорот 10.

Вучиќ претходно најави дека во сабота или недела ќе биде отворена последната делница од автопатот на јужниот крак на Коридорот 10, низ Грделичката клисура.

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе