Вакцинирани повеќе од половина милион граѓани

Вучиќ: Ќе вложиме колку треба за производство на руската вакцина во Србија до крајот на годината

Србија ќе вложи колку што е потребно за придвижување на домашното производство на руската вакцина до крајот на годината, кажа српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за агенцијата Ројтерс.

EPA-EFE

Се очекува група руски експерти да ја посети Србија следната недела за разговори за локалното производство на вакцината Спутник V до крајот на годината.

Вучиќ кажа дека со рускиот претседател Владимир Путин постигнал начелен договор за придвижување на производната процедура, која ја опиша како „комплицирана и тешка“.

Со 530 илјади или околу 7,5 отсто од населението вакцинирани против ковид-19, Србија е четврта во светот по стапката на имунизација на 100 луѓе, зад Израел, Британија и Соединетите Американски Држави.

Според програмата за вакцинација која ја усвои Србија, нејзините граѓани во моментов можат да бираат меѓу вакцините на Бајонтек/Фајзер, кинески Синофарм и руската вакцина.

„Во моментов немаме (производни) капацитети (за Спутник V), но ќе ги изградиме. Не е битно колку ќе чини, ќе вложиме“, кажа Вучиќ за британската агенција.

Во Србија досега од ковид-19 умреа повеќе од четири илјади луѓе, а заразени се над 400 илјади, што нејзиниот здравствен систем го донесе на раб на колапс.

Стапката на зараза опаѓа во последните недели, но илјадници граѓани се сè уште во болница.

Според најновите податоци, на болничко лекување се 3.987 ковид пациенти.

Вучиќ кажа дека Србија нема цел само да ја произведува Спутник V за свои потреби, туку ќе тежнее кон тоа да ја извезува и во земјите од регионот.

„Ништо не вреди ние да бидеме вакцинирани ако нашите соседи не се вакцинирани“, кажа Вучиќ.

Србија очекува месецов да добие 200.000 дози од Спутник V, 500.00 дози од вакцината на Синофарм, околу 90.000 дози од таа на Фајзер и првите количества од над 100.000 вакцини кои ги произведува Астра Зенека, кажа српскиот претседател.

„Кинеската вакцина е најскапа“, кажа Вучиќ.

Ројтерс пишува дека Србија, „профитирајќи од блиските односи со Кина“, прва во Европа почна масовна имунизација со милион дози од вакцината на Синофарм колку што купи до сега.

„Благодарен сум му на претседателот (на Кина) Си (Џинпинг) на тоа“, кажа Вучиќ. „Ги читам извештаите за квалитетот на вакцините и сфатив дека кинеската вакцина е многу добра“.

Претседателот на Србија кажа дека државата годинава ќе потроши меѓу 200 и 300 милиони евра или до 0,7 отсто од БДП за да купи доволно вакцини.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе