Како еден пример за последиците тој наведе дека некои продуценти и актери не сакаат да дојдат во Србија затоа што таа не воведе санкции кон Русија, со што се губи милионска заработка.
Друга последица е што Србија не може да излезе на пазарот на капитал, рече Вучиќ.
Тој во интервју за ТВ Прва рече дека Србија тоа го прави од почит кон себе и од почитување на меѓународното јавно право и затоа што се однесува како независна и суверена земја.
Вучиќ изјави дека цената на струјата ќе мора да се зголеми, но дека тоа не може да се случи сега бидејќи последицата би била зголемување на инфлацијата за 20 отсто.
На прашањето дали се точни наводите дека струјата ќе поскапи за 30 отсто, Вучиќ рече дека тоа не можат да го издржат граѓаните и државата.
„Ако струјата поскапи за 30 отсто ќе имаме инфлација од 20 отсто, државата не може да го поднесе тоа“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека сега се чека шестиот пакет санкции против Русија за да се види како тоа ќе влијае на нафтата и гасот во третите земји, меѓу кои е и Србија.
На прашањето што очекува од преговорите со Русија за гасот, Вучиќ нагласи дека е важно што го има, а од бугарскиот премиер добил ветување дека Бугарија нема да прави проблеми за транзитот на рускиот гас во Србија.