Вучиќ: „Ќе го заштитиме нашиот народ. Точка“

Претседателот на Србија Александар Вучиќ ја искоментира вчерашната акција на косовската полиција на северот на Косово.

EPA-EFE

„Што се однесува до (косовскиот премиер Аљбин) Курти, се знае што му биле вистинските намери. Ништо нема да се случи на Советот за безбедност на ОН; ја имаат поддршката од Западот. Како и да е. Ние можеме да очекуваме поддршка од Кина и Русија, но тоа нема да ја смени ситуацијата на теренот“, кажа Вучиќ.

„Не го смислил тоа Курти, тоа го смислил некој друг ум. Тие нека си ја работат работата, ние ќе ја работиме својата“, додаде српскиот претседател.

Тој истакна дека „вчера апселе чоколади со пушки и оклопни возила“, додавајќи дека целта им била провокации и напади врз Србите.

„Сето тоа беше покриено со некакви апсења по Косово па да кажат дека тоа е борба против криминалот. Ајде немојте да лажете“, кажа Вучиќ.

На прашањето како ќе им помогне на Србите на Косово и Метохија доколку бидат нападнати, тој кажа дека трупите на косовските безбедносни сили не смеат според Резолуцијата 1244 да доаѓаат без согласност од НАТО и четворицата градоначалници на српските општини.

„Ова им е седми или осми упад за да покажат сила. Сè што мислат дека можат да направат, нека се обидат, па да видат каква ќе биде нашата реакција. Предавањето не е опција и ние ќе се бориме. Што се однесува до мене, знам што треба да права,. Ќе го заштитиме нашиот народ. Точка. Како? Се надевам дека никогаш нема да мора да видите“, заклучи Вучиќ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе