Вучиќ: Ќе го одбраниме нашиот народ на Косово и Метохија, нема повлекување (ФОТО)

Претседателот на Србија Александар Вучиќ на Инстаграм објави фотографија со која напиша дека ќе го одбрани српскиот народ на Косово и Метохија.

EPA-EFE

„Ми се чини дека секој човек со денови, месеци, понекогаш и години се мачи додека не се прекрши, додека не донесе одлука, а тешките одлуки одговорните и сериозни луѓе не ги носат лесно“, напиша српскиот претседател.

Додаде дека кога ќе се донесе одлуката, се чувствува „несекојдневен мир“.

„Сепак, кога ќе ја донесете одлуката, чувствувате несекојдневен мир, бидејќи знаете дека сте ја донеле не најдобрата, туку единствената можна. Нашата одлука е јасна и цврста како карпа, ќе го чуваме и ќе го одбраниме нашиот народ на Косово и Метохија. Нема повлекување! Предавањето не е опција! Да живее Србија“, напиша Вучиќ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе