Вучиќ кажа дека Србија ќе произведува руска и кинеска вакцина: „Ќе има и за нас и за регионот“

Србија до крајот на оваа година ќе го почне производството на кинеската вакцина на Синофарм и руската Спутник V, објавија денес претседателот Александар Вучиќ и министерот без ресор Ненад Поповиќ.

EPA-EFE

Вучиќ производството на кинеската вакцина ја објави од Абу Даби каде со лидерите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) договори изградба на заедничка фабрика со Кина, а почетокот на производството се очекува на 15 октомври.

Претходно денес производството на руската вакцина Спутник V ја најави српскиот министер без ресор Ненад Поповиќ, по разговорот со рускиот министер за индустрија и трговија Денис Мантуров, а првата фаза на производството односно пакувањето на Спутник V треба да почне до 20 мај.

Вучиќ во вклучување за Радиотелевизија Србија за време на посетата на ОАЕ кажа дека во рок од две недели ќе биде организирано „јавно потпишување“ и дека станува збор за „целосно гринфилд“ проект на нова фабрика за вакцини на Синофарм.

„Ќе имаме големи количества вакцини за нас, но и за целиот регион, а она што го научив вечерва е дека ќе мораме, макар и по самата цена на чинење, да даваме вакцини во регионот бидејќи тоа што ние ќе ги излечиме нашите луѓе и ќе делуваме превентивно не вреди ако има проблем во регионот“, кажа Вучиќ за РТС.

Србија во моментов користи четири вакцини – Бајонтек/Фајзер, Спутник V, Синофарм и Астра Зенека, а со над 1,7 милиони вкупно примени дози е понатаму е меѓу водечките земји во светот и во регионот по бројот на вакцинирани и ревакцинирани на 100.000 жители.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе