Вучиќ: Каде се границите на Србите и Албанците? Тоа никој не го знае...

На прашањето што значи терминот разграничување српскиот претседател Александар Вучиќ кажа дека би сакал да се утврди границата меѓу Србите и Албанците, за која никој не знае каде е, пренесуваат српските медиуми.

„Дали тие граници се таму каде што ние кажуваме или Албанците, таму каде што сметаат Русите или каде што тврдат Американците, каде што велат Кинезите или Германците... Ние не знаеме, и никој во светот точно не знае каде се границите“, кажа Вучиќ на конференција за медиумите.

На новинарското прашање што конкретно мислел кога предлагал разграничување и дали тоа би значело Србија да го задржи северот на Косово, а Косово да ги добие трите општини на југот на централна Србија, Вучиќ кажа дека сакал да се утврди границата меѓу Србите и Албанците, за која никој не знае каде е, бидејќи се разликува што за тоа мислат Русија и Америка, Кина и Германија, Србите и Албанците.

„Никој во светот тоа не го знае и јас сметав дека е важно за иднината тоа да го дознаеме, да имаме мир и стабилност со Албанците за следните 100 или 200 години. Не успеав, бидејќи граѓаните сметаат дека е подобро да сме ни на небо ни на земја. Јас мислам дека тоа е погрешно, но мора да ја почитувам волјата на мојот народ“, кажа српскиот претседател.

Тој кажа дека, и покрај сѐ, сака да ги продолжи разговорите со косовскиот претседател Хашим тачи, па и во Париз на 11 ноември, но дека му е малку чудно што ќе бара Тачи таму, имајќи предвид дека станува збор за одбележување на завршувањето на Првата светска војна и дека на свеченоста учествуваат силите победнички и учесниците на тој конфликт.

Вучиќ истакна дека му пречат одделни гласови од меѓународната заедница кои се противат на промена на границите и тврдат дека со тоа се отвора Пандорината кутија.

„Велат дека се против менување на границите а никој не знае каде се. Освен ако за нив границите се сегашните граници на независно Косово? А јас им велам: „Еве ние никогаш нема да ги признаеме границите на независно Косово“. И што сега? Тие велат дека со тоа се отвора Пандорината кутија. А тие тоа го направија во 2008 со Косово, или во 2006 и пред тоа во 90-тите години. И на тоа нема одговор“, кажа Вучиќ.

Повтори дека секогаш ќе разговара со сите и ќе се труди да овозможи договор, но дека тоа не му изгледа возможно за три дена или за три месеци.

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе

Денес, кандидати за политички функции се луѓето. Утре, тоа ќе го прават интелигентни машини. И, тие може и ќе победуваат, како што расте незадоволството на граѓаните од човечките политичари.

повеќе

Еден од начините на промовирање подобри меѓуетнички односи помеѓу децата е овозможување подолготраен контакт помеѓу нив што ќе овозможи создавање значајни индивидуални врски помеѓу децата.

повеќе