Кажа дека критиката ја толкува како политичка порака

Вучиќ: Ја разбравме пораката на амбасадата на САД за кинеското оружје

Претседателот на Србија Александар Вучиќ кажа дека ја разбрал критиката на американската амбасада во Белград поради купувањето кинеско оружје и истакна дека тоа го толкува како политичка порака.

EPA-EFE

„Секогаш кога ние ќе одлучиме нешто да купиме (од оружје) има некој кој има нешто против и тоа е логично“, кажа Вучиќ.

Тој во својот прв коментар на изјавата на амбасадата на САД во Белград која на 10 август кажа дека владите треба да се свесни за краткорочните и долгорочните ризици и цени кои ги повлекува работењето со кинески компании, кажа дека Србија сѐ уште не го купила кинескиот ракетен систем за противвоздушна одбрана ФК-3, но дека е „размислувано за тоа“.

„Секогаш ние самите ќе ги носиме одлуките. Патем, ФК-3 не е на листата на американски санкции“, кажа Вучиќ.

Во пишаната изјава на американската амбасада се наведува и дека набавката на воена и одбранбена техника е суверена одлука на секоја земја.

Вучиќ подвлече и дека Србија е „слободна суверена земја“ и напомена дека нема да ги загрозува интересите на земјата.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе