Вучиќ: Имаме некаков вид заштита од Русија. Што сакаат западните земји?

Претседателот на Србија Александар Вучиќ во интервју за британски Фајненшал тајмс кажа дека го разубедил српскиот претставник во Претседателството на БиХ Милорад Додик од формирање војска на Република Српска. Тој истакна дека и покрај притисоците на Западот, Србија нема да ѝ наметне санкции на Русија.

EPA-EFE

„Му кажав на Додик да не формира војска. И тој тоа го прифати, мирот и стабилноста се најважни во регионот“, кажа Вучиќ за ФТ.

Британскиот весник истакна дека Србија ќе мора да ги контролира тензиите во Босна и Херцеговина, каде Додик отворено го оспори односот на силите и побара поголема автономија. Иако Вучиќ го брани Додик, кажа дека побарал од лидерот на босанските Срби да се откаже од сецесионистичките планови, вклучувајќи го и планот за сопствени оружени сили, пишува ФТ.

Вучиќ кажа и дека „многу играчи имаат интерес да го дестабилизираат Балканот“, а на лидерите на Европската Унија им порача дека Србија ќе се обиде да го зачува мирот во регионот.

„Им кажав, им гарантирам, со своето име, дека ќе направиме сè за да избегнеме какви било конфликти во регионот, вклучувајќи ја Босна, вклучувајќи го Косово. Го имате моето ветување“, кажа Вучиќ.

За украинската криза, Вучиќ кажа дека Белград нема да избере страна и покрај повиците на ЕУ земјите кои бараат членство да се усогласат со Брисел во заострувањето на економските санкции против рускиот претседател Владимир Путин.

„Имаме некаков вид заштита од Русија. Што сакаат западните земји? Да ги ставиме нашите национални интереси на страна бидејќи на некого му треба нешто?“, кажа Вучиќ.

Истакна дека Србија има страна и дека тоа е интересот на Србија.

За неодамнешното купување на оружје на Србија кое вклучува и француски борбени авиони и турски борбени дронови, кажа дека е дел од напорите да се зачува стабилноста бидејќи и соседните држави купувале оружје. Истакна дека за таа набавка во 2018 година ги известиле своите западни партнери, вклучувајќи ги САД.

„Конечниот договор го потпишавме во 2019. И тоа знаат сè за тоа. Сè уште не ни е испорачан целиот систем. Сè уште не е во функција. И не е за Русија. Тоа е за Србија“, кажа Вучиќ.

Кажа дека Белград нема непосредна алтернатива да го замени гасот од Русија. Долгорочниот договор за снабдување со гас истекува следниот месец, а Србија ќе се обиде да договори нови услови, кажа српскиот претседател.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе