Вучиќ: Имаме договор со Германија и САД, ја очекуваме вакцината за корона до крајот на годината

Српскиот претседател Александар Вучиќ се сретна вчера со директорите на болниците за коронавирус во Србија.

EPA-EFE

По средбата тој ги изнесе деталите за состојбата со коронавирусот во земјата.

Тој кажа дека засега полицискиот час не е опција, но и дека бројките на новозаразени го загрижуваат.

Додаде дека состојбата во Србија е подобра од каде било во Европа. Порача и дека на медицинските работници владата ќе им исплати еднократна помош и дека од 1 јануари ќе им ги зголеми платите.

Зборуваше и за вакцината за коронавирусот, истакнувајќи дека Србија има договори со Германија и САД и дека првите количества од вакцината во Србија би требало да стигнат до крајот на годината.

„Она што ни е најважно е да ги вакцинираме здравствените работници, полицијата, војската, а потоа и загрозените групи луѓе. Вакцината ќе биде бесплатна за сите наши граѓани“, кажа Вучиќ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе