Вучиќ им се пожали на Русите: Немаме повеќе причина за доверба во НАТО

Претседателот на Србија Александар Вучиќ го информираше амбасадорот на Русија во Белград Александар Чепурин дека Србија повеќе нема причина да му верува на КФОР, односно НАТО, на Косово и Метохија.

Како што наведе, се покажало дека сѐ што им кажале за движењето на единиците РОСУ е лага.

Претседателот Вучиќ и српската премиерка Ана Брнабиќ му се заблагодарија на амбасадорот на Руската Федерација во Белград Чепурин за тоа што Русија разбира што точно се случува на Косово и Метохија и колку се загрозени мирот и стабилноста во целиот регион.

Вучиќ истакна дека станува збор за најсилниот обид за загрозување на опстанокот на Србите на Косово и Метохија. Истакна и дека Белград во целата ситуација ќе се однесува сериозно и одговорно, но дека повеќе нема причина да ѝ верува на мисијата н КФОР, односно на НАТО на Косово, бидејќи се покажало дека сѐ што им кажале за движењето на единиците РОСУ е лага и измислица.

Рускиот амбасадор во Србија Чепурин кажа дека верува дека српските власти ќе умеат одговорно да се носат со провокациите и заканата со конфронтации, но и ѝ порача на Приштина „да не ги преценува своите сили“.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе