Вучиќ: Идејата на Отворен Балкан со време само ќе зајакне

„Иницијативата Отворен Балкан е голема идеја која со време само ќе јакне“, изјави денес во Албанија српскиот претседател Александар Вучиќ.

EPA-EFE

Тој за Радиотелевизија Србија пред трилатералната средба Србија-Албанија-Македонија кажа дека договорите кои денес ќе бидат потпишани во рамки на регионалната иницијатива Отворен Балкан ќе бидат „јадрото на нешто што ќе направи овој дел од Европа суштински да биде без граници многу пред што се мислеше“.

Целта на Отворен Балкан е регионалната соработка да се воспостави на принципите на Европската Унија за слободен проток на луѓето, стоките, услугите и капиталот, со зголемување на трговијата, унапредување на економската соработка и подобрување на меѓусебните билатерални односи.

Премиерите на Албанија, Србија и Македонија, Еди Рама, Александар Вучиќ и премиерот на нашата земја, денес во Тирана разговараат за понатамошниот развој на таа идеја и инцијативата која е отворена за сите земји од регионот, а најавено е потпишување на договорот за слободен проток на работната сила, за акредитациските тела и увезувањето електронски систем.

Собирот, чиј домаќин е Рама, е проследен со протести од поддржувачите на поранешниот албански премиер Саљи Бериша, кои се против иницијативата, а синоќа пред зградата на албанската влада од јарболот беше симнато и запалено српското државно знаме.

Коментирајќи го инцидентот Вучиќ кажа дека е „недозволиво да се сквернават симболите на која било држава“ и дека државата Албанија реагирала сериозно и одговорно.

„Мораме да гледаме во иднината и да разбереме дека тие се лутат кога ние ги палиме нивните знамиња, како што се случи пред доаѓањето на Еди Рама во Србија. Нема да влегувам во нивните внатрепартиски причини, но нормално дека е недозволиво да ги сквернавите симболите и мислам дека Албанија реагираше навремено, сериозно и одговорно“, кажа Вучиќ.

Рама, реагирајќи на протестите на своите политички противници, синоќешната работна вечера наместо во Тирана, како што беше планирано, ја организираше во Елбасан.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Постоењето на еден отпорен, одржлив и правичен систем на храна е нешто што мора да биде столб на секоја агенда која има за цел за климатско ублажување или адаптација.

повеќе

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе