Вучиќ и Земан за можноста за повлекување на признавањето на Косово (ВИДЕО)

Претседателот на Србија Александар Вучиќ им пренесе на членовите на Вишеградската група дека компромисно решение за Косово и Метохија е единствениот можен пат за иднината на целиот западен Балкан.

Вучиќ истакна на прес-конференција дека не може да се меша во внатрешните прашања на која било земја, па ни во одлуката за евентуалната промена на ставот на статусот на „таканареченото Косово“.

Претседателот на Чешка Милош Земан се надоврза и на тие зборови додаде дека, кога станува збор за неговата иницијатива официјална Прага да ја поништи одлуката за признавање на независноста на Косово, ќе се обиде да ги убеди своите колеги.

„Кажав дека на првата средба со претставниците на властите на Чешка кои се бават со уставните прашања ќе го изнесам предлогот за повлекување на признавањето. Ние сме демократска земја, можам да бидам надгласан, но за поништувањето на признавањето на Косово ќе се обидам да ги убедам своите колеги“, кажа тој.

„Би сакал и другите да имаат слично мислење“, истакна Земан.

Вучиќ истакна дека му е благодарен на чешкиот претседател за поддршката околу тоа прашање.

„Благодарен сум му на претседателот на Чешка Милош Земан на ставовите околу прашањето на Косово. Денес зборував за нашата политика кон Косово и проблемите со кои се соочуваме. Го повторив ставот на Србија дека компромисното решение е единствениот можен пат за иднината на целиот западен Балкан и во ЕУ, но и за подобри односи меѓу луѓето кои живеат на западниот Балкан“, заклучи Вучиќ.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе