Вучиќ и Тачи се сретнаа во Белата куќа

Претседателот на Србија Александар Вучиќ и претседателот на Косово Хашим Тачи се сретнаа во Белата куќа, јавува Војс оф америка на албански јазик, не наведувајќи во кој формат се сретнале.

Двајцата претседатели се во Соединетите Американски Држави во одвоени посети.

Вучиќ и Тачи, одвоено, во Вашингтон разговарале со високи американски функционери – државниот секретар Мајк Помпео, заменик помошникот на државниот секретар на САД и специјален претставник за западниот Балкан Метју Палмер.

Претседателите на Србија и Косово се главните преговарачи на двете страни во дијалогот, кој се води со посредство на Европската Унија, а замрзнат е од ноември 2018 кога поранешната косовска влада предводена од Рамуш Харадинај воведе царини од 100 отсто на увозните производи од Србија и БиХ.

Косовскиот премиер Аљбин Курти во петокот објави предлог за постепено укинување на царините, воведени како контрамерка на кампањата која Србија ја води за повлекување на признавањата на Косово.

Американските функционери бараат од Косово безусловно укинување на царините, додека од Белград се бара прекин на кампањата за повлекување на признавањата.

За помалку од еден месец Вашингтон обезбеди два договори меѓу двете страни за воспоставување авио-линија Белград-Приштина, железница и изградба на автопат меѓу двете земји.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе