Според српските медиуми

Вучиќ и Курти следната недела во Брисел

Следната недела се очекува средба во Брисел на претседателот на Србија Александар Вучиќ и косовскиот премиер Аљбин Курти.

EPA-EFE

Како што јавуваат српските медиуми, на средбата ќе присуствуваат и високи европски функционери.

Се очекува Вучиќ прв да замине во Брисел, а по него и Курти.

На средбата ќе се разговара за можноста за продолжување на дијалогот и создавање рамка за овој процес.

По посетата на Брисел, се очекува Курти и Вучиќ во следните недели да престојуваат во официјална посета на Париз, на покана на францускиот претседател Емануел Макрон.

На средбите во Брисел и во Париз ќе се разговара за нов формат на дијалогот меѓу Србија и Косово, со посредување на Европската Унија/

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе