Вучиќ и Ѓукановиќ за српскиот народ во Црна Гора: Невозможно е да се постигне заеднички став

Претседателот на Србија Александар Вучиќ разговараше со црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ за положбата на српскиот народ и неодамна усвоениот закон за верски слободи кој предизвика големи немири во Црна Гора.

Двајцата претседатели зборуваа и за поголема координација во идните настапи пред европските институции.

Вучиќ кажа дека нивните ставови и позиции се многу оддалечени и дека околу тие прашања не е можно да се постигне заеднички став. Додаде дека разговорот бил долг, тежок и комплициран.

„Истовремено, разговаравме како цивилизирани и одговорни луѓе свесни дека Србија и Црна Гора никогаш не смеат да бидат антагонизирани една кон друга и дека е неопходно во најкраток можен рок да ги продолжиме разговорите за спуштање на тензиите и наоѓање решение“, кажа Вучиќ.

Тој додаде дека тема биле и евроинтеграциите.

„Зборувавме и за европскиот пат на Србија и Црна Гора и договоривме поголема координација во идните настапи пред европските институции, како и продолжување на разговорите за поголема слобода и брзина на протекот на стока, луѓе, капитал и услуги во нашиот регион“, кажа Вучиќ.

Вучиќ и Ѓукановиќ разговарале на вечерата која претседателот на Израел ја приреди за повеќе десетици шефови на држави и влади пред денешното одбележување на 75-годишнината од ослободувањето на концентрациониот логор Аушвиц.

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе