Вучиќ: Хрватските медиуми водат невидена кампања против мене

Српскиот претседател Александар Вучиќ смета дека „никогаш во современата историја не е водена таква хајка во медиумите во регионот“ како во последните денови против него во Хрватска, кажувајќи дека на таа кампања нема да одговара, но дека треба да се размисли зошто токму тој им пречи.

EPA-EFE

По средбата за време на викендот во Истанбул со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган Вучиќ им кажа на новинарите на српските медиуми дека „во сите тие платени текстови има неколку теми, а потоа доаѓаат до клучната – ќе ја стигне ли Србија Хрватска“.

„Тоа што им е најболни, покрај приказните како Србија набавува оружје и приказните за српското знаме е оној наслов „Србија нема да нè стигне со децении““, кажа Вучиќ.

Наведувајќи дека Хрватска сè уште е многу пред Србија, Вучиќ кажа дека на Хрватска ѝ честита на постигнатите резултати и успешното остварување на целите и соништата, како членството во Европската Унија и НАТО, порачувајќи дека Србија нема да се срами од своите успеси и дека ќе продолжи да си ја работи работата.

„Пред 15 години ни бегаа за 15 милијарди вкупен БДП, а годинава ја завршуваме со разлика од плус-минус половина милијарда“, кажа Вучиќ, оценувајќи дека „Србија ја стигнува и престигнува Хрватска по сите економски параметри и тоа е она што најмногу ги боли“.

„Им честитам уште еднаш на фантастичната туристичка сезона, се радувам за нив, но се радувам и за нашите фабрики, работни места, посилната војска која никого не напаѓа ниту сака, туку ги штити интересите на Србија и српскиот народ. Единственото нешто што го барам е почит. Ако сакаат, во ред, а ако не сакаат, нема да им одговараме“, порача Вучиќ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе