Вучиќ: Хрватска сака да ја понижи Србија

„Србија сака да има добри и коректни односи со сите во опкружувањето, а постапките и изјавите од Хрватска не се израз на почитување кон Србија, туку обид да ја понижи“, порача српскиот претседател Александар Вучиќ.

EPA-EFE

Реагирајќи на изјавата на шефот на хрватската дипломатија дека Хрватска ќе го зголеми бројот на своите припадници во КФОР бидејќи тоа на официјален Загреб му е важно за зачувување на мирот во регионот и дебатата почната со изјавата на српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин, Вучиќ истакна дека Хрватска можела да го одбие КФОР и дека таквата одлука е донесена за „дополнително да се понижи Србија“.

Хрватското министерство за надворешни и европски работи претходно денес острите изјави од Белград за зголемениот ангажман на војниците на Хрватска ги нарече „хистерични шпекулации“.

Новите препирки меѓу Белград и Загреб почнаа со изјавата на шефот на хрватската дипломатија во Приштина дека Хрватска ќе го зголеми бројот на своите војници во состав на КФОР и реакцијата на српскиот министер Александар Вулин, кој Хрватска и Косово ги нарече „браќа по оружје“ и додаде дека хрватскиот министер Гордан Грлиќ Радман би сакал да може да распореди „окупациски сили на просторот на Србија“, но дека за тоа ќе му треба „многу повеќе од она што со (премиерот на Косово Аљбин) Курти може да го смислат“.

Српскиот претседател Вучиќ праша денес „зошто некому му е потребно да се фали и да учествува“, алудирајќи на ангажманот на Хрватска во силите на Косово.

„Можеа да го одбијат КФОР, но намерно донесоа таква одлука за дополнително да ја понижат Србија. Ја примивме пораката и ја разбравме“, им кажа Вучиќ на новинарите.

Тој на Србите на Косово и Метохија им порача „да не се грижат“ и најави дека за некој ден во Брисел ќе разговара со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, истакнувајќи ја определбата на Србија да избегне конфликти и да го зачува мирот. Вучиќ им порача на сите „кои мислат дека ќе има нови Олуи, нови погроми и протерување народ“ дека им гарантира дека „тоа нема да се случи“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе