Реагираше на изјавата на хрватскиот министер за одбрана

Вучиќ: Хрватска има силна армија, но има и Србија

Претседателот на Србија Александар Вучиќ ја искоментира изјавата на хрватскиот министер за одбрана кој најави помош во формирањето војска на Косово.

EPA-EFE

Вучиќ кажа дека Хрватска има силна армија, а дека Албанците на Косово не се на тоа ниво, но дека ја имаат американската база Бондстил зад себе.

„Хрватска има силна армија, војска, Албанците на Косово не се на тоа ниво, но го имаат Бондстил зад себе“.

Српскиот претседател додаде тие да си ја работат својата работа, „а ние ќе ја работиме својата“.

Истакна дека српската војска не е послаба од ниту една војска во опкружувањето, не сметајќи ги унгарската и романската.

„Но ја зајакнуваме својата војска, и мораме да ги продолжиме тие темелни вложувања во војската, бидејќи тоа е најголемиот гарант на мирот, и дека никој нема да се осмели да изврши агресија врз нас“.

Кажа дека Србија има решителна иднина, и истакна дека е силен оној кој што е економски силен.

„За нас е важно да се фокусираме на растот и напредокот. На поголем БДП, тоа е нашата работа. Имаме исклучително пријателски односи и со Унгарија и со Романија, немаме никаква причина за грижа“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе