„Добро утро, Колумбо!“

Вучиќ: Харадинај нацрта мети на челата на луѓето што го бранат северот на Косово

Ужасно е тоа што Рамуш Харадинај нацрта мети на челата на интелектуалците кои се против независноста на Косово и Метохија, кажа претседателот на Србија Александар Вучиќ.

Тој изрази жалење што нема продолжување на дијалогот на Белград и Притшина на самитот во Париз, но истакна дека Србија повлекува потези кои се „во описот“ на работата, што ѝ се замерува.

„Јас не сум радосен што нема состанок во Париз. Како што гледате, ја зборував вистината, и во Берлин кажував дека тие не сакаат да ги укинат царините. Жал ми е кога слушам оценки дека тие имале право да ги воведат царините затоа што Србија влијаела врз повлекувањето на признавањата. Тоа е нашата работа. Затоа и дојдовме до тоа 13 земји да ги повлечат признавањата“, кажа Вучиќ за откажувањето на средбата во Париз на која требаше да се зборува за продолжување на преговорите меѓу Белград и Приштина.

Тој додаде дека понудил да престане со барање за повлекување на признавањата, дури приштински власти не мораат да ги укинуваат царините бидејќи Србија е во економски налет, но дека тие мора да престанат да бараат признавања.

„Тие гледаат дека нам ни се брза, дека би сакале да завршиме голема работа за оваа земја по тоа прашање. Бараат – признајте го Косово или ништо. Ние не сакаме, туку туркаме напред“, кажа српскиот претседател.

Тој додаде дека Србија се грижи за доброто и безбедноста на народите на КиМ и го критикуваше косовскиот премиер Рамуш Харадинај што по име ги наброил луѓето кои го штитат северот на Косово од нивна интервенција, оценувајќи дека тоа е ужасно.

„Пораката на Харадинај кој по име ги наброи луѓето кои го штитат пред сѐ северот на Косово од нивните интервенции е ужасна. Тој нацрта мети на челата на луѓето. Именуваше чесни и нормални луѓе, не криминалци, тоа се луѓе против косовската независност. Па што си мислеше? Добро утро, Колумбо! Не, туку дека ќе се залагаат за косовската независност“, иронично заклучи Вучиќ.

„Мирот и безбедноста се нашата единствена политика, сѐ друго води кон конфликти. На Србија ѝ треба сѐ освен тоа. Тоа никако не ни е потребно. Ние одиме по тенка жица, мора да биде таква улогата во политиката“, истакна српскиот претседател.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе