Вучиќ: Гренел е во право, станува збор за обид за измама на Курти (ВИДЕО)

Претседателот на Србија Александар Вучиќ зборуваше за најавата на косовскиот премиер Аљбин Курти дека царините на стоката од Србија и БиХ ќе бидат укинати.

„Курти го смисли денот пред моето патување во Вачингтон за да ги укинува царините“, искоментира Вучиќ, оценувајќи го потегот како трик.

„Дали тоа сам го смисли или некој ти помогна?“, го праша тој Курти, додавајќи дека специјалниот претставник на Белата куќа за дијалогот на Белград и Приштина е во право и дека е ова само игра.

Вучиќ на новинарите им кажа дека никој од српскиот државен врв не реагиран на изјавата на Курти за условното укинување на дел од царините, бидејќи сакале правилно да проценат што сѐ е кажано. Премиерот на Косово Аљбин Курти синиќа објави дека од 15 март ќе почне постепеното укинување на царините на увозот од Србија и БиХ и дека најпрво ќе се укинат царините на сировините, но под услов Србија да се обврзе дека ќе ја сопре кампањата против признавањето на независноста на Косово.

„Американскиот претставник Гренел е во право, станува збор за обид за измама. Тоа што тоа за ЕУ е во ред, јас немам проблем со тоа. Може ним да им чини што сакаат, но јас таа школа одамна ја поминав“, кажа Вучиќ.

„Смислил да ги укине царините на сировините, нели? Да ги тргне царините на пченицата од Србија бидејќи е 20 евра по тон поевтина од таа од Македонија, затоа што тоа го бараат произведувачите од Косово. А српските финални производи, каде што ние би можеле да направиме профит, не го интересираат. Дали тоа сам го смисли или некој ти помогна? Ние ќе чекаме тие да ги укинат царините, па потоа ќе разговараме. До тогаш трпение“, кажа Вучиќ.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе