Вучиќ: Горд сум што ја делегитимирам државноста на Косово (ВИДЕО)

Српскиот претседател Александар Вучиќ кажа дека е горд што ја делегитимира државноста на Косово.

EPA-EFE

Што се однесува на новиот косовски премиер Аљбин Курти, кој кажа дека следни на дневниот ред на дијалогот меѓу Белград и Приштина се наводните српски злосторства на Косово, Вучиќ кажа: „Интересен му е тој дијалог“.

„Се плашам дека тој најмногу сака да разговара со себе. Нека прават што сакаат и можат, само покажуваат дека никогаш не ни сакале дијалог“, кажа српскиот претседател.

Како што наведе понатаму, не сака да верува дека Европскиот парламент сака да ги штити тајкуните и организираниот криминал.

Што се однесува на извештајот на Европскиот парламент за Косово, Вучиќ кажа: „Повикуваат на активна регионална соработка, во извештајот на ЕП за Косово, тоа е за нив држава. Само кога ни зборуваат за моралот на тие луѓе, да ни кажат што тие луѓе бараат од Србија“.

Вучиќ истакна и дека ќе продолжи да ја делегитимира државноста на Косово.

„Пишуваат дека постои загриженост околу кампањите за делегитимирање на државноста на Косово. Јас сум горд на фактот што ја делегитимирам државноста на Косово. Ќе продолжам тоа да го правам“, кажа српскиот претседател.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе