Вучиќ го одликуваше нобеловецот кој негира дека во Сребреница имало геноцид (ФОТО)

На добитникот на Нобеловата награда за книжевност Петер Хандке вчера му беше врачено државно одликување на Србија, доделено официјално во февруари минатата година по повод Денот на државноста поради неговиот „исклучителен придонес на претставувањето на Србија во сферата на културата“.

EPA-EFE

Австрискиот нобеловец, кој поради својата поддршка на Слободан Милошевиќ и негирањето дека зсе случил геноцид е прогласен за непожелен во Сараево, а потоа и на Косово, Орденот на Караѓорѓевата ѕвезда од прв ред му го врачи српскиот претседател Александар Вучиќ, со пораката: „Среќен е српскиот народ што во своите пријатели го има и Хандке“.

„Прифаќајќи го нашиот орден, писателот ѝ прави голема чест на Србија, а доделувајќи го овој најзначаен орден Србија му покажува благодарност на својот академик и пријател Хандке. Ви благодарам на сè што правите за нашата земја“, истакна Вучиќ при доделувањето на високото државно одликување, оценувајќи дека „секој глас на Хандке звучи громогласно“.

Хандке кажа дека „не бил спремен да прими волку важно одликување“ бидејќи, му било кажано само дека „ќе се сретне со претседателот на Србија и ќе испие кафе“ и не подготвил пригоден говор.

„Секогаш по убаво се сеќавам на Србија, ви благодарам на овој орден“, кажа Хандке, кој не присуствуваше на церемонијата на врачување на државните одликувања на Србија во февруари 2020 година, кога беше објавено дека му е доделено одликувањето.

Нобеловата награда на Хандке во 2019 година предизвика контроверзии бидејќи го поддржуваше режимот на Слободан Милошевиќ за време на војните во поранешна Југославија и негира дека се случил геноцид во Сребреница.

Честитајќи му ја на Хандке во 2019 година Нобеловата награда Вучиќ, обраќајќи му се на австрискиот писател со „почитуван пријателе“, оцени дека „се впишал меѓу бесмртните“ и додаде дека Србија го слави како свој Нобеловец.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе