„Казни за неносење маска“

Вучиќ: Ги затвораме ноќните клубови и сплавовите, да се прашував јас, ќе го затворев Белград и ќе воведев полициски час

Претседателот на Србија Александар Вучиќ најави дека од утре ноќните клубови и сплавовите во Белград ќе бидат затворени во следните 14 дена од 23 до 6 часот.

EPA-EFE

Од понеделник ќе им се наплаќаат казни од 5.000 до 6.000 динари (2.500 до 3.000 денари) на граѓаните кои не носат маски во градскиот превоз и трговските центри.

Вучиќ по седницата на владиниот Кризен штаб за сузбивање на епидемијата кажа дека јавните собирања во затворен простор во Белград ќе бидат ограничени на 100 луѓе, со задолжително носење маски и почитување на физичката дистанца, а надвор ограничувањето е 500 луѓе.

„Владата ќе ги донесе тие мерки но недвосмислено ќе ги затвориме ноќните клубови и сплавовите од 23 часот до 6 часот наутро. Во тоа време го имавме најголемиот број заразени од за мене непознати причини. Истото важи и за кафичите освен за оние со бавча“, кажа Вучиќ.

Тој додаде и дека ќе бидат затворени и студентските домови во Белград.

„Ако тие мерки не бидат доволни во следните три до четири дена ќе одиме на понатамошни мерки. Да се прашував јас, ќе го затворев Белград, ќе воведев седумдневен полициски час, тоа е најбрзото решение“, кажа Вучиќ.

Кажа дека не ја исклучува можноста за затворање на влезот и излезот од Белград доколку новите мерки не даваат резултати.

„Белград е во моментов најголемиот епидемиолошки проблем во Србија со 22,7 отсто од вкупното население на земјата, има 82,5 отсто од вкупниот број заразени. Сѐ останато е неспоредливо, сите други бројки се под контрола и тоа е помалку или повеќе очекувано, вообичаено. Проблемот е ситуацијата во Белград, јасно е дека Белград е жариштето“, кажа српскиот претседател.

Околу собирите на голем број граѓани на фудбалските натпревари, Вучиќ кажа дека на стадионите „не биле толку големи проблеми“ и додаде дека собирите на отворено „не се ни блиску“ до ризикот што го носат собирањата во затворен простор.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе